петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рекорден раст на новоинфицирани со Ковид-19 во Сингапур

Рекорден раст на новоинфицирани со Ковид-19 во Сингапур

Министерството за здравство на Сунгапур денеска соопшти дека денеска се потврдени 1.426 новозаразени лица со Ковид-19, што е рекорден дневен пораст.

Нови случаи на инфекцијата воглавно се забележани помеѓу странските работници.

Сингапурските власти на почетокот од епидемијата со ригорозно следење на контактите и контрола успеаја да го запрат ширењето на новиот коронавирус, при што беа пофалени и од Светска здравствена организација. Но, Ковид-19 почна да се шири во големите заедници на работниците мигранти.

Досега во Сингапур забележани се 8.014 инфицирани луѓе, што е најголемабројка помеѓу азиските држави. Од последици од новиот коронавирус починаа 11 луѓе, а оздравеле 768 лица.