петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рим денеска како Бергамо некогаш: Не можат да постигнат да погребаат луѓе

Рим денеска како Бергамо некогаш: Не можат да постигнат да погребаат луѓе

Во Рим, како во Бергамо минатата година, градската компанија за погреб не успева да ги кремира или погреба сите мртви, поради зголемената смртност во последно време, објави компанијата, пренесува „Хафингтон пост“.

Компанијата ги покани сите погребални компании кои можат да се придружат во погребањето.

Исто така, градската компанија за погреб има намера да ангажира нови работници „поради значително зголемување на работата“.

Но, сликата од римската мртовечница не е осамена, пишува весникот и потсетува дека е надмината бројката од еден милион смртни случаи од коронавирусот во Европа.

– Нашиот континент со 52 земји и региони е најпогоден од пандемијата „Ковид-19“, со еден милион и 228 жртви на инфекцијата, и затоа е пред Јужна Америка, Канада и Соединетите Американски Држави – пишува весникот .