Според официјалните податоци бројот на заразени со Ковид-19 во САД ја надмина цифрата на случаи во Кина, Италија и Шпанија, земји кои до денеска беа најпогодени со пандемијата.
Во САД за еден ден регистрирани се речиси 14.000 инфицирани, а вкупно нивниот број изнесува 86.004, од кои 1.300 починаа, а во критична состојба се повеќе од 2.000 пациенти.
Во Лос Анџелес забележани се над 400 нови случаи, а деветмина починаа. Во градот за сместување на оациентите и подготвен и Конгресниот центар, како еден од најголемите болнички приватни центри на 67.000 метри квадратни.
Во последните 24 часа бројот на новозаразени лица во светот се се искачи на 532.912, а почина 24.093. од почетокот на пандемијата досега оздравеа 124.380 лица.