четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

САД ќе испратат вакцини на АстраЗенека во Мексико и Канада

САД ќе испратат вакцини на АстраЗенека во Мексико и Канада

САД планираат да испратат четири милиони дози од вакцината на АстраЗенека против коронавирус во Мексико и Канада, соопшти Белата куќа.

Мексико ќе добие 2,5 милиони дози, а Канада 1,5 милиони дози.

Минатата недела неколку држави ја запреа привремено употребата на вакцината на АстраЗенека поради извештај за згрутчување на крвта кај триесетина случаи во Европа.

Меѓутоа вчера Европската агенција за лекови ЕМА соопшти дека дошла до јасен научен заклучок дека вакцината е сигурна и безбедна, а нејзината ефикасност во спречување на коронавирусот ги надминува ризиците.