среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД кренаа воени авиони во лов на мала „Цесна“ над Вашингтон

САД кренаа воени авиони во лов на мала „Цесна“ над Вашингтон

Американската војска испратила во неделата група борбени авиони во лов на мал авион кој неовластен влегол во воздушниот простор на поширокото подрачје на главниот град Вашингтон а потоа се урнал во сојузната држава Вирџинија.

Борбените авиони во налетот над Вашингтон го пробиле звучниот ѕид за да го стасаат малиот авион од типот „Cessnа Citation“ која може да носи седум до дванаесет патници, според властите.

Речиси истовремено кога авионите го пробивале звучниот ѕид, малата „Cessnа Citation“ се урнала во ридестата област на југозападот на Вирџинија, наведе американската Сојузна управа за воздухопловство (FAA).

Повикувајќи се на неименуван извор, телевизијата CNN објави дека во малиот авион се наоѓале четири лица. Борбените авиони не биле причина за падот на малиот авион, тврди соговорникот на телевизијата.

Според упатени извор, се смета дека „Cessnа“-та била управувана во режим на автопилот, а не одговарала на повиците на контролата на летањето.

Познато е дека авионот „Cessnа Citation“ полетал од аеродромот во Елизабетон во сојузната држава Тенеси и патувал кон аеродромот МекАртур на њујоршки Лонг Алјенд, околу 80 километри источно до Менхетен, објави FAA во соопштение за јавноста. Инцидентот ќе го истражува Националната комисија за безбедност на транспортот, се додава.

Според интернет страницата којашто ги следи летовите Flight Aware, се чини дека авионот се приближил до пошироката област на Њујорк и потоа направила свртување од речиси 180 степени и завршила во Вирџинија.

Борбените авиони од моделот „F-16“ биле испратени од заедничката воздухопловна база Ендрјуз, извести телевизиската мрежа ABC News, цитирајќи неименуван извор. Најмалку еден воен пилот видел дека пилотот на „Cessnа“-та се онесвестил, наведува телевизијата.

„Аионите на Северноамериканската команда за воздушна одбрана (NORAD) беа овластени за летање со суперсонична брзина, а жителите на регионот можеби слушнале звучен тресокум“, се вели во соопштението додавајќи дека авионите користеле и светлечки сигналилни проектили во обид да го привлечат вниманието на пилотот.

Пробивањето на звучниот ѕид вознемирило бројни жители на Вашингтон, коишто на Twitter пишуваа за гласна бука и треперење на почвата и ѕидовите во домовите. Неколку корисници на социјалната мрежа известија дека буката слична на експлозија се слушната и во соседните сојузни држави Вирџинија и Мериленд.