Американската компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ денеска соопштија дека американската Влада купила 200 милиони дополнителни дози од нивната вакцина против „Ковид-19“ и оти имаат опција да се купи нова верзија на вакцината против Делта сојот.
Во соопштението се наведува дека вкупниот број на дози што ќе бидат доставени до САД е 500 милиони, од кои, според податоците на американската влада, веќе се доставени приближно 208 милиони дози.
Минатата година компанијата „Фајзер“ потпиша договор со американската влада за набавка на 100 милиони дози вакцини за скоро две милијарди долари, со можност за купување на уште 500 милиони дози. Повеќето од новите дози ќе бидат испорачани до крајот на годината, а останатите 90 милиони до 30 април следната година, соопштија компаниите.
Директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести вчера изјави дека седумдневниот просек на нови случаи во САД се зголемил за 53 проценти во споредба со претходната недела.
Делта-сојот, првпат пронајден во Индија, опфаќа повеќе од 80 отсто од новите случаи на национално ниво.