Според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон, бројот на смртни случаи од Ковид-19 во САД е над илјада – по вторпат овој месец.
До синоќа регистрирани се 1.056 смртни случаи и 62.752 новозаразени.
Само на 7 јули, бројот на смртни случаи во САД надмина илјада, поточно 1.195, а според анализите на универзитетот бројот на смртни случаи од Ковид-19 беше поголем од илјада вкупно 59 пати за 202 дена од почетокот на пандемијата.