Американскиот милијардер Илон Маск денеска изјави дека ќе го поддржи републиканскиот гувернер на Флорида Рон ДеСантис на претседателските избори во 2024 година, доколку сака да се кандидира.
Would you support Ron DeSantis in 2024, Elon?
— Proud Elephant 🇺🇸🦅 (@ProudElephantUS) November 26, 2022
– Мојата желба за претседателските избори во 2024 година е кандидатот да биде некој разумен и центрист во исто време. Се надевав дека тоа би можело да биде некој од администрацијата на Бајден, но досега бев разочаран, напиша Маск на Твитер.
Претходно овој месец, ДеСантис го победи демократот Чарли Крист со повеќе од 20 отсто во трката за гувернер на Флорида да остане прв човек на државата, додека Ројтерс проценува дека тој станал ѕвезда во подем меѓу републиканците.
Политичките експерти го оценија ДеСантис, кој се сметаше за потенцијален предизвикувач на Доналд Трамп во партијата, кога станува збор за кандидатурата на Републиканската партија за претседателските избори во 2024 година.