среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Само целосно вакцинираните граѓани ќе можат да стапнат на американско тло

Само целосно вакцинираните граѓани ќе можат да стапнат на американско тло

Новата одлука се однесува на меѓународното патување со авион, но и по копно, а ќе се спроведува од 8 ноември.

Новата американска политика за патување бара вакцинација за странски државјани кои патуваат во Соединетите држави, а ќе започне да се применува од 8 ноември – изјави Кевин Муњоз, претставник на Белата куќа.

Официјалниот претставник на Белата куќа изјави за Си -Ен -Ен дека се дадени инструкции за одредени исклучоци, со список од кои вакцини против коронавирус ќе бидат прифатени.

“Центарот за контрола и превенција на болести веќе ги информираа авиокомпаниите дека сите вакцини одобрени од ФДА, како и сите вакцини одобрени од СЗО, ќе бидат прифатени за влез во земјата со авион. Очекуваме истото да важи и на копнената граница … “, рече службеникот.