четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сè за делта плус видот на коронавирусот што и се заканува на Европа: Тешко е да се препознае по неговите симптоми

Сè за делта плус видот на коронавирусот што и се заканува на Европа: Тешко е да се препознае по неговите симптоми

Новата мутација на корона вирусот, „делта плус“, за прв пат забележана во Европа во март оваа година, но до сега е регистрирана во најмалку 44 земји ширум светот. Тој полека се приближува кон регионот што покажува и податокот дека првиот случај на заразено лице од овој сој е регистриран во Хрватска.

Медицнските експерти се уште истражуваат дали и колку новата варијанта на делтата е позаразна, во однос на претходните два типа на вирус Алфа и Делта , но познато е дека секоја мутација на вирус што ќе се појави е позаразна од претходната

– Затоа што вирусот сака што е можно полесно и побрзо да се размножи и да зарази поголем број луѓе. Неговиот живот зависи од животот во организмот. Оние надвор од телото не можат да живеат. Значи, секоја варијанта, всушност, со себе носи опасност да биде поопасна, полесна за пренос и репродукција во поголеми количини , објаснуваат вирусолозите.

Што е сој делта плус?

Делта плус е мутација на сегашниот вид вирус делта кој е најраспространет во светот. Дијагностициран е врз основа на молекуларни тестови, каде што се виде дека се разликува по тоа што содржи генетски промени во протеинот С во однос на сојот делта што доминира во светот.

– Имаме четири варијанти на вирусот, од кои најважни се алфа, бета, гама и делта. Кога ќе се открие нов сој, потребно е дополнително да се испитаат неговите последици, односно дали е „значаен“ или не и дали има промени што се случуваат во природата – велат светските вирусолози

Иако во моментов, според експертите, постои причина за загриженост, нема потреба од паника.

Кои се симптомите

Симптомите на варијантата делта плус се веќе познати како сува кашлица, замор или треска. Потешките форми на болеста вклучуваат отежнато дишење и болка во градите.

Дополнително, делта варијантата може да се препознае по осип на кожата, промена на бојата на прстите, болки во грлото, губење на чувството за мирис и вкус, дијареа, главоболка, течење на носот итн.

Списокот на симптоми на делта плус варијантата на корона вирусот е доста долг и поради тоа е многу тешко во почетокот да се препознае и да се разликува од другите вируси или варијанти .

Позаразна од 10 до 15 проценти?

Оваа варијанта, именувана како AY.4.2, неодамна беше препознаена од виролозите кои ги следат генетските промени во делта соевите, но таа веќе претставуваше речиси 10% од случаите во Велика Британија

Како што е наведено, бројот на случаи на оваа варијанта на вирусот рапидно расте, но не толку колку од оригиналната варијанта, односно од сојот делта што на почетокот на годината пристигна од Индија во Британија.

Џефри Барет, директор на Институтот Кембриџ и Франсоа Бол, директор на Институтот за генетика во Лондон, изјавија дека варијантата AY.4.2 е 10 до 15 проценти полесна за пренос од оригиналниот вид делта, кој изинативе месеци доминираше во светот.

– Доколку се потврдат прелиминарните резултати, AY.4.2 може да биде најзаразниот вид на коронавирус од почетокот на пандемијата – изјави Барет , додавајќи дека е потребна претпазливост во оваа фаза.

AY.4.2 е една од 45-те подваријанти на делта вирусот регистрирани ширум светот. Има две карактеристични мутации, наречени Y145H и A222V, во протеинот на шилецот со кој вирусот ги инфицира човечките клетки.

– Двете мутации беа евидентирани поединечно во претходните варијанти на коронавирусот и не беа окарактеризирани како нешто загрижувачки – рече Берет и додаде дека се уште не е јасно зошто тие ќе ја направат делта варијантата позаразна.

– Не се чини дека овие мутации би можеле да го заобиколат имунитетот, да имаат поголема преносливост или вирулентност – изјави тој.

Рави Гупта, професор по клиничка микробиологија на Универзитетот во Кембриџ, смета дека е тешко да се предвиди влијанието на поединечните мутации врз однесувањето на вирусите, бидејќи тие влијаат на обликот и однесувањето на протеините на шилците на начин што научниците сè уште не го разбираат.

„Навистина не знаеме како самиот вид делта е толку заразен“, изјави бртитанскиот микробиолог