недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се зголемува бројот на хоспитализирани од корона вирус во Франција

Се зголемува бројот на хоспитализирани од корона вирус во Франција

Во Франција продолжи да расте бројот на пациенти во болниците примени поради компликации од Ковид-19, откако вчера надмина вкупна бројка на хопситализирани од 27.000, од ​​кои над 3.100 се сместени на Одделенијата за интензивна нега, се наведува на веб-страницата на француската Влада.

Во изминатите 24 часа болниците примиле нови 1.931 пациент, покажуваат податоците на владата.

Во единиците за интензивна нега во моментов има точно 3.107 пациенти (+26), со 318 нови приеми во последните 24 часа.

Со 350 смртни случаи во изминатите 24 часа, заразата досега го одзеде живото на 74.456 лица, од кои 52.218 умреа во болниците.

Бројот на заразени лица, исто така, е во пораст, па вчера се потврдени нови 26.915 случаи на инфекција со коронавирусастот на хоспитализации од коронавирусот