понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Серија земјотреси го погодија Салвадор

Серија земјотреси го погодија Салвадор

Серија земјотреси го погодија вчера јужниот дел на Салвадор, а властите соопштија дека се оштетени десетици куќи.

Засега нема податоци за евентуално настрадани или посериозно повредени лица.

Американскиот геолошки институт соопшти дека најмалку четири земјотреси со јачина од над 4,3 степени според Рихтеровата скала го погодиле регионот, почнувајќи од вчера изутрина по локално време. Три потреси биле со јачина од 5,2 до 5,6 степени по Рихтер.

Најмалку 75 куќи се оштетени, а три се целосно уништени, соопшти Агенцијата за цивилна одбрана.