Германскиот министер за здравство Јенс Шпан е скептичен во врска со вакцината против коронавирусот, која е регистрирана во Русија, и вели дека не е важно кој ќе биде прв, туку вакцината да е ефикасна.
Во изјавата за „Дојчландсфунк“, Шпан рече дека според сè што знае засега, таа вакцина не е тестирана доволно.
– Не станува збор да се биде прв, туку за ефективна, тестирана и безбедна вакцина, подвлече тој.
Тој истакна дека руските власти не биле транспарентни во однос на студиите и тестовите, како и дека не е спроведена третата фаза на тестирање на поголем број луѓе.
– Може да е и опасно ако прерано се почне со тоа, истакна Шпан. (МИА)