Во Шпанија во последните 24 часа починаа 430 луѓе, соопшти шпанското Министерство за здравство.
Бројот на жртви од последици од Ковид-19 и понатаму расте иако опаѓа бројот на новозаболени. Вкупниот број на починати изнесува 21.282 лица.
Со Ковид-19 во последните 24 часа инфицирани се речиси 4.000 луѓе, со што вкупната цифра се искачи на 204.178.
По бројот на заразени лица, Шпанија е веднаш зад САД.