петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шпанија воведува ново правило: Маските се задолжителни и на базени и на плажи, па дури и при сончање

Шпанија воведува ново правило: Маските се задолжителни и на базени и на плажи, па дури и при сончање

Туристите кои планираат да уживаат на плажите на Ибица ова лето, ќе мораат да носат маска дури и додека се сончаат!

На овој балеарски остров, на посетителите претходно им беше дозволено да не носат маски кога престојуваат на плажите, но само доколку се наоѓаат доволно далеку едни од други.

Сепак, новите правила стапија на сила со одлука на Владата на Шпанија и подразбираат задолжително носење маски за секој што посетува јавни простори, а тоа важи и за плажите и за базените.

Ова правило важи и во случај кога постои социјално растојание, така што дури и некој што лежи на пешкир доста далеку од другите ќе биде должен да носи маска.

Оние кои не го почитуваат ова ново правило, ризикуваат да се соочат со казна до 100 евра, пренесува Мирор.