Шпанскиот крал, Фелипе Шести, им се обрати на граѓаните, кои четврти ден се затворени во домовите, додека бројот на заразени расте.
-Ова е криза со која се бориме, која ќе ја пребродиме и надминеме. Овој вирус нема да не победи нас. Туку спротивно. Ќе не направи посилни како друштво, истакна Фелипе Шестти во телевизиското обраќање со кое настојуваше да ги охрабри своите 47 милиони сонародници.
Откако во 2014 година стана крал, вторпат чувствува потреба за вонредно обраќање. Првпат го направи тоа за време на политичката криза поврзана со Каталонија.
Шпанија е втора европска земја по заболени, по Италија, со речиси 15.000 заразени.
Бројот на починати лица од коронавирусот во Шпанија достигна 638, а излечени се 1.081 лице.