Силна бура го погоди западниот дел на Германија, а налошо било во градот Вупертал.
На улиците завладеал целосен хаос, обилните врнежи ги претвориле улиците во реки кои носеле се пред себе, па дури и луѓе, јавија локалните медиуми.
Силниот дожд урнал дури и кровови на некои куќи, уништени се десетици автомобили, а луѓето останале заробени во трговски центри.
За сега нема информации за жртви.
Спасувачките служби се обидуваат да излезат на терен и да интервенираат, но ситуацијата им ja отежнува работата.
Силно невреме го погоди и Дизелдорф, каде врнел и град. (МИА)