Силно невреме го зафати Вашингтон, поради што многу домови останаа без електрична енергија.
Невремето започна во близина на Фолс Черч и Арлингтон, помина низ центарот на Вашингтон и заврши во округот Принц Џорџ во Мериленд.
Американската национална метеоролошка служба соопшти дека поминал најлошиот дел од невремето, но ги предупреди граѓаните да бидат „крајно внимателни“ кога излегуваат од дома.
Повеќе од 30.000 домови во Мериленд и Вирџинија останаа без струја, додека во Вашингтон 10.000 домаќинства се без електрична енергија, објави Ју-Ес-Еј тудеј. (МИА)