Една од најтешките последици од пандемијата на коронавирусот е пролонгирањето на мирот на неопределено време во многу конфликтни точки низ светот, пишува „Дојче веле“.
Според директорот на Стокхолмскиот институт за истражувања на мирот – СИПРИ (SIPRI), Дан Смит, во моментов постои опасност од заострување на меѓународните конфликти и зголемување на теророт како последица на кризата со коронавирусот.
-Овој заклучок најмногу се однеусва на Ирак и Сирија, подвлекува Смит.
Во Ирак има присуство на податоци за обновување активностите на терористичката група Исламска држава. Во Јемен позициите на противниците може да се зацврстат, а во Авганистан се забележува засилување на активностите на радикалните талибанци.
Смит подвлекува дека ново засилување на тензиите им се заканува на државите од Африканскиот рог и деловите од Западна Африка, како Нигерија или Мали.
Заради ширењето на заразата во некои од овие региони инфраструктурата на државата е многу ослабена. Луѓето не ја добиваат поддршката која ја очекуваат и од која имаат потреба. Некои од нив ќе се приклучат кон насилните милиции, за да добијат помош и достап до храна, смета директорот на институтот.
Претседателот на тинк-тенк групата за меѓународни кризи, Роберт Мали, исто така, смета дека во моментов постои ризик од зголемување на меѓународните тензии.
Падот на економијата заради кризата со коронавириусот ќе се одрази во сите конфликтни точки низ светот.
-Се наоѓаме на почетокот на ера од конфликти, кои во оделните држави ќе се засилуваат еден по друг, тврди тој.
Непосредно пред почетокот на кризата многу луѓе го изразија своето незадоволство од политиката во Хонг Конг, Ирак, Судан, Либија, Алжир и Латинска Америка, излегувајќи на улиците. Главните причини за тоа беа континуираната рецесија, недостигот од храна, на работни места и плати, кои како резултат на пандемијата уште повеќе ќе се влошуваат.