среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СНИМКИ КАКО ОД ПЕКОЛОТ – луѓето во Индонезија бегаат кон планините каде чекаат дали ќе има цунами по страшниот земјотрес (ВИДЕО)

СНИМКИ КАКО ОД ПЕКОЛОТ – луѓето во Индонезија бегаат кон планините каде чекаат дали ќе има цунами по страшниот земјотрес (ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источна Индонезија.

Засега нема информации за штети или жртви, а издадено е предупредување за цунами, пренесува „Ројтерс“.

Епицентарот на земјотресот бил на 112 километри северозападно од Ларантука, во источниот дел на индонезискиот остров Флорес, на длабочина од 12 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во Макасар во јужниот дел на Сулавеси.

На Твитер се појавија и морничави видео снимки на кои се гледа како земјотресот има разорнувачка моќ, а на дел од истите се гледа и како луѓето бегаат кон планините и гледаат брановите дали ќе започне да ништи се пред себе.