недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Со бразилската мутација може повторно да се заразат до 60 проценти од поранешните пациенти

Со бразилската мутација може повторно да се заразат до 60 проценти од поранешните пациенти

Најмалку шест од 10 лица кои прележале коронавирус се ранливи на бразилската мутација П1, покажа истражувањето на градот Манаус, во државата Сао Паоло.

Прелиминарните податоци покажуваат дека антителата обезбедуваат мала заштита од новиот вид П1, објави „Мирор“.

Истражувањата ја покажаа „шокантната брзина“ со која П1 стана доминантен во Бразил, за само осум недели од појавувањето.

Професорката Естер Сабино од Универзитетот во Сао Паоло изјави дека помеѓу 25 и 61 процент од антителата кои биле создадени за време на првата инфекција со коронавирусот не делуваат против мутацијата П1.

– Едноставно кажано – од 100 луѓе кои имале Ковид-19, меѓу 25 и 61 се подложни на мутацијата П1. Се запрепастивме кога видовме со колкава брзина расте бројот на пациенти, рече Сабино.