Сомнителни пакети се испратени до шест владини и воени објекти во близина на американската престолнина Вашингтон.
ФБИ и американската војска соопштија дека проверуваат шест сомнителни пакети, кои содржеле експлозивни компоненти, јави телевизијата Ен-Би-Си.
Сите пакети биле испратени по пошта на адреси на воени и разузнавачки објекти во реонот на Вашингтон.
– Пратките ги зеде ФБИ заради анализа, објави на Твитер американското Федерално истражно биро.