сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Состојба со коронавирусот во светот до 20 часот, Аргентина ги затвори границите

Состојба со коронавирусот во светот до 20 часот, Аргентина ги затвори границите

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 585 илјади луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 26.827, а оздравеле 131.428 лица.

– Бројот на заразени со коронавирусот во Унгарија се зголеми на 300, објавено е на веб-страницата на унгарската Влада. Бројот на оздравени се зголеми од 28 на 34.

– Во БиХ денеска има регистрирани 39 нови случаи на инфекција со коронавирусот, со што вкупниот број на позитивни достигна 230.

– Во Црна Гора се регистрирани уште пет случаи на Ковид-19, па вкупниот број достигна 75. Во земјата има 6.278 лица под медицински и санитарен надзор.

– Во Хрватска денеска е најлош ден досега со 91 новозаразен. Вкупниот број достигна 551 инфицирани.

– Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо предупреди дека ситуацијата во оваа американска држава е алармантна.

– Кина ги затвори границите за повеќето странци, регистриран и нов случај на локална зараза.

– И Шведска воведе построги мерки во борбата против ширењето на коронавирусот.

– Индиските власти во државата Пунџаб ставија во карантин околу 40.000 локални жители од 20 села, по смертта на 70-годишен маж заразен со коронавирус.

– Аргентина ги затвори границите поради Ковид-19.

– Властите во Северна Ирска планираат повторно да ги отворат продавниците за алкохол.