вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Состојба со коронавирусот во светот до 20 часот: Во Њујорк во изминатите 24 часа починаа 671 човек

Состојба со коронавирусот во светот до 20 часот: Во Њујорк во изминатите 24 часа починаа 671 човек

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.903.616 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 118.374, а оздравеле 439.072 лица.

Шефот на СЗО Тесдрос Адхан Габрејсус соопшти дека коронавирусот е десетпати посмртоносен од пандемијата на грип во 2009 година. Тој објави и шест критериуми доколку државите одлучат да укинат мерки:

Прво, тој пренос на вирусот се контролира;

Второ, да постојат капацитети на здравствениот систем да открие, испитува, изолира и третира секој случај и да го следи секој контакт;

Трето, ризикот од избивање да се сведе на минимум во посебни услови како што се здравствени установи и домови за стари лица;

Четврто, да бидат на сила превентивните мерки на работни места, училишта и други места каде што е најважно луѓето да одат;

Петто, со увозните ризици може да се управува;

И шесто – заедниците да се целосно информирани, ангажирани и овластени да се прилагодат на „новата норма“.

Турција во следниот викенд повторно воведува полициски час. Во минатиот викенд полициски час беше воведен во 31 провинција во државата. Досега се потврдени 61.049 заразени, а починаа 1.296 лица. Во изминатите 24 часа починаа 98 луѓе. Излекувани се 3.957 лица.

Во американската сојузна држава Њујорк во изминатите 24 часа починаа 671 човек. Тоа е најмал број починати за еден ден во изминатите седум денови. Вкупниот број на починати е 10.056. Бројот на заразени се зголеми на 195.031.

Во изминатите 24 часа од коронавирусот во Италија починаа 566 лица, што претставува зголемување од вчера кога починаа 431 лице. Но, бројот на новозаразени лица се намали на 3.153 во изминатите 24 часа. Во Италија има 159.516 случаи на заразени со новиот коронавирус, а починаа 20.465 лица.

Во Бугарија, потврдени се уште девет случаи на заразени со новиот коронавирус во изминатите 24 часа, со што вкупниот број заразени изнесува 685. Денеска почина уште едно лице почина и вкупниот број на смртни случаи е 32. Хоспитализирани се 230 пациенти, од кои 36 на интензивна нега.

Словенија – Околу 10.000 работници во словенечки компании од утр епочнуваат со работа по повеќенеделна забрана поради епидемијата. Почнуваат со работа во Горење Хисенсе, производител на бела техника и Адриа Мобил, производител на камп приколки и куќи за одмор. Може да работат и автомеханичари, вулканизери,градилишта, продавници за градежен материјал и бела техника.

БиХ – По 46 тестирани примероци на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, денеска беа потврдени 10 позитивни резултати за новиот коронавирус. Едно лице од Сараево, едно од Жепча и осум од Зеница се позитивни. Вкупниот број заразени лица во БиХ се зголеми на 1.037. Од нив, 39 починаа, а 206 се опоравени.

Германија – Што побрзо да се отворат училиштата и да се заживее економијата, советува германската Национална академија на науките канцеларката Ангела Меркел. Академиците препорачуваат продолжување на работа од дома, а се противат на издавање „корона-обврзници“ како финансиска помош за државите од ЕУ погодени од епидемијат ана Ковид-19. Тие советуваат владата да го нормализира животот што се дозволи по намален број на новозаразени и ако здравствениот систем има капацитет да се грижи за нив, но и за останатите пациенти.

Никој нема да умре од коронавирусот Белорусија, рече денеска претседателот на таа земја, Александар Лукашенко, додавајќи дека нема потреба да се воведат построги мерки во Белорусија, како и во повеќето земји во светот, за да се спречи ширењето. Во Белорусија, според Министерството за здравство, 2.919 луѓе се заразени со вирусот, а 29 починале. Сепак, Лукашенко тврди дека смртните случаи се резултат на други болести на тие пациенти, како што се срцеви заболувања и дијабетес.