среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот: Повеќето европски држави денеска соопштија дека ја совладале епидемијата

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот: Повеќето европски држави денеска соопштија дека ја совладале епидемијата

Според најновите податоци, со новиот коронавирус во светот се заразени 2.586.266 лица. Од нив починати се 179.929 , а оздравеле 705.814 луѓе.

– Турција испрати 20.000 маски, 50.000 заштитни одела и 100.000 визири помош за пакистанските лекари.

– Во Бугарија има вкупно 1.024 потврдени случаи на Ковид-19, соопшти Националниот оперативен штаб. Починати се 49 лица.

– Повеќето држави од ЕУ денеска соопштија дека ја совладале епидемијата на Ковид-19, изјави заменик-претседателот на Европската комисија Марош Шефчович по состанокот на министрите за европски прашања.

– Кина ја нарече „апсурдна“ тужбата против неа поднесена од американската држава Мисури поради пандемијата на коронавирусот.

– Украинските власти ќе ги продолжат строгите карантински мерки до 11 мај, изјави денеска премиерот Денис Шмигал.

– Авиони на Романските воени воздушни сили денеска од Турција во земјата ќе донесат 300.000 заштитни маски од типот FFP2 и FFP3, соопшти романското Министерство на национална одбрана.

– Иран денеска соопшти дека има уште 94 починати од новиот коронавирус, и во исто време истакна дека продолжува тенденцијата на намалување на бројот на новозаразени. Вкупниот број на жртви во Иран достигна 5.391, а заразени се вкупно 85.996 луѓе.

– Во Сингапур бројот на заразени се зголеми на 1-.141, откако во последните 24 часа се потврдени 1.016 нови случаи на коронавирусот.