понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Состојба во светот со коронавирусот до 10 часот

Состојба во светот со коронавирусот до 10 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 341. 684 луѓе заразени со коронавирусот. Од нив починати се 14.751, а оздравеле 99.041 лица.

Кина – Националната здравствена комисија на Кина денеска објави дека во државата не е регистриран ниту еден нов локален случај на зараза со Ковид-19, но 39 „увезени“ потврдени случаи. Петти ден пo ред без нови случаи во Вухан.

Британија – Момче на возраст од 18 години е најмладата жртва на коронавирусот во Британија каде според најновите податоци има 5.740 заразени и 281 починати. Момчето имало и други здравствени проблеми. Вчера беа пријавени нови 48 заразени.

Турција – Лекарската унија бара од властите да се прават повеќе тестови за новиот коронавирус и сметаат дека има многу нерегистрирани случаи на заразени.

Шпанија – Се ограничува влегувањето на повеќето странци на територија на државата.

Токио – Олимпијадата можно е да биде одложена поради коронавирусот, нагласи јапонскиот премиер.

Европа – Почна клиничко испитување на четири лекови против коронавирусот.

Австралија – Расте бројот на новозаразени – над 1.600, воведени се строги мерки. Властите забранија и впловување на крузери со стотици патници кои се жалеле на респираторни болести.

Венeцуела – Објавени серија економски мерки за помош за справување со предизвиците од ширењето на коронавирусот.