Советникот на претседателот на Бразил за национална безбедност, Аугусто Хелено напиша денеска на својот налог на Твитер дека е позитивен на коронавирусот, иако немал никакви симптоми.
Седумдесет и две годишниот Хелено, генерал во пензија и еден од најблиските соработници на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, истакна дека се наоѓа во карантин во својот дом додека го чека вториот тест за потврда дека е заразен.