вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Статистиката повторно е алармантна: За 24 часа со коронавирус се заразиле 427.000 луѓе во светот

Статистиката повторно е алармантна: За 24 часа со коронавирус се заразиле 427.000 луѓе во светот

Светската здравствена организација (СЗО) вечерва соопшти дека во изминатите 24 часа повеќе од 427.000 луѓе во светот се разболеле од Ковид-19, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата надмина 112,64 милиони.

Вкупно 2.501.229 пациенти починале од почетокот на пандемијата.

Бројот на пациенти денеска е најголем во Северна и Јужна Америка (183.039 случаи), што е 42 проценти од вкупниот број, додека во Европа се регистрирани 172.843 нови случаи. (МИА)