Шефот на германската Агенција за контрола на болести, Лотар Вилер изјави дека воведените рестриктивни мерки против ширење на коронавирусот спасиле повеќе од 100.000 животи во земјата од почетокот на пандемијата пред една година.
На денешното предавање пред студентите на Техничкиот универзитет во Минхен, тој истакна дека стапката на смртност од инфекција со Ковид-19 во Германија од околу 1,14 отсто, значи дека ширењето на вирусот низ целата земја можело да доведе до над 800.000 смртни случаи.
– Во нашата земја спасивме десетици илјади, ако не и сто илјади животи преку овие мерки за јавно здравје, објасни Вилер, кој раководи со Институтот „Роберт Кох“.