Далеку од моментната реалност е „колективниот имунитет“ во Шпанија на нопвиот коронавирус и мерките за физичко растојание ќе останат најдобриот пристап во борбата против пандемијата. Тоа се наведува во голема шпанска научна студија.
Само пет проценти од 61.000 учесници во студијата развиле антитела на коронавирусот, според студијата објавена во научното списание „Лансет“, која делумно било финансирано од шпанското Министерство за здравство.
Студијата покажа дека околу една третина од заразените со коронавирусот биле асимптоматски, што, велат авторите, има „важни импликации врз јавното здравство“.
„Во моментов, имунитетот на стадо е тешко да се постигне без да се прифати колатерална штета, т.е. бројни смртни случаи кај популацијата под ризик и без преоптоварување на здравствените системи“, велат истражувачите.
„Некои експерти проценија дека серопреваленцијата од околу 60 проценти може да значи колективен имунитет. Сепак, ние сме далеку од тоа да ја достигнеме таа бројка“, изјави водечкиот истражувач Марина Полан за Си-Ен-Ен.
Студијата наведува дека резултатите укажуваат на потребата да се одржат мерки за физичко растојание и да се продолжи да се идентификуваат и изолираат нови случаи и нивните контакти „за идна контрола на епидемијата“.
Авторите тврдат дека не е јасно дали некое лице заразено со коронавирус кое не развило антитела може повторно да се зарази.Истражувањето почна во април, додека Шпанија беше во строг карантин.
Шпанија е една од најтешко погодените европски земји, со повеќе од 28.000 смртни случаи и 250.000 случаи на инфекција со новиот коронавирус.