сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЗО презентираше план за борба против Ковид-19 во најсиромашните земји

СЗО презентираше план за борба против Ковид-19 во најсиромашните земји

Светската здравствена организација денеска го претставÐ ¸ новиот план за борба против Ковид-19 во најсиромашните земји и побара 23,4 милијарди долари во следните 12 месеци за негово финансирање.

Партнерството на најголемите светски здравствени агенции (наречено ACT акцелератор) има потреба од 23,4 милијарди долари за да им помогне на најризичните земји да набават и да распоредат средства за борба против Ковид-19 од сега до септември 2022 година, се вели во соопштението на СЗО.

Таа сума е минимална во однос на илјадниците милијарди долари економски загуби предизвикани од пандемијата и трошоците за плановите за реконструкција. „Нееднаквиот пристап до тестовите, третманите и вакцините за Ковид-19 ја продолжува пандемијата ширум светот и претставува ризик за нови, поопасни видови на вирусот кои би можеле да одолеат на постоечките средства за борба против болеста“, се вели во соопштението.

Пандемијата, која веќе уби речиси пет милиони луѓе откако се појави во Кина на крајот на 2019 година, „ни од далеку не е завршена“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој додаде дека досега само 0,4 отсто од тестовите и 0,5 отсто од вакцините дадени ширум светот се користени во земјите со ниски приходи, иако тие претставуваат девет отсто од светската популација. Тој го повтори својот повик до шефовите на држави и влади на Г-20 ќе се сретнат овој викенд во Рим и ги повика „целосно“ да ја финансираат новата стратегија претставена денеска.