сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЗО: Зголемување на бројот на новозаболени во светот од 12 проценти за една недела

СЗО: Зголемување на бројот на новозаболени во светот од 12 проценти за една недела

Над 3,4 милиони случаи на коронавирус и 56.000 починати се регистрирани во светот минатата недела, соопшти Светската здравствена организација во неделниот билтен објавен утринава.

Овие бројки значат зголемување од 12 проценти во однос на минатата недела.

-Вкупниот број на нови случаи за периодот меѓу 12 и 18 јули е 3,4 милиони што е зголемување од 12 проценти во однос на минатата недела, велат од СЗО.

Починати се 56.000 лица, што претставува зголемување од еден процент во однос на претходната недела.

Директорот на СЗО вели дека со вакцинирање на 70 проценти од популацијата во секоја земја од светот ќе се овозможи не само да се запре пандемијата, туку и да се покрене глобалната економија.

-Во соработка со шефовите на Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Светската организација за трговија, повикав на голема глобална акција за до септември да се вакцинираат најмалку 10 проценти од популацијата во секоја земја, најмалку 40% до крајот на оваа година и 70 отсто до средината на 2022 година, изјавил Тедрос Аданом Гебрејесус.