Доколку странските војски не го напуштат Авганистан до 1 мај, талибанците се заканија дека ќе го обноват непријателството.
Оваа закана на талибанските бунтовници следува по неодамнешната изјава на американскиот претседател Џо Бајден дека ќе биде „тешко американските сили да се повлечат од Авганистан во договорениот рок“.
Во меѓувреме, германските парламентарци им одобрија на своите воени трупи да останат во Авганистан до 31 јануари 2022 година.
Талибанците порачаа дека доколку странските војници не се повлечат од Авганистан до 1 мај ќе бидат „принудени да го продолжат џихадот и оружената борба со цел да ја ослободат земјата од странските трупи“. Тие порачаа дека „одговорноста за продолжување на рокот за заминување на странските трупи ќе претставува товар за оние кои го прекршиле договорот“.