четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Татко монструм: Ја раскасапил ќерка му до смрт откако се согласил таа да се омажи за војник

Инцидентот се случил во четвртокот кога таткото и ќерката се скарале, по што тој ја избодел повеќе пати додека не се онесвестила. Веднаш потоа ја однеле во болница, но лекарите само ја прогласиле Атира за мртва.
Татко монструм: Ја раскасапил ќерка му до смрт откако се согласил таа да се омажи за војник

Атира (22) од Керала во Индија е убиена од родениот татко само неколку часа пред да се омажи за човекот кого го сакала.

Нејзиниот татко неволно се согласил да и дозволи да се омажи за човек од друга каста, кој е во војската во Индија. Меѓутоа иако се согласил, таткото бил незадоволен од тој брак.

Инцидентот се случил во четвртокот кога таткото и ќерката се скарале, по што тој ја избодел повеќе пати додека не се онесвестила. Веднаш потоа ја однеле во болница, но лекарите само ја прогласиле Атира за мртва.

Таткото е уапсен денеска и ќе биде изведен пред суд, пишуваат тамошните медиуми.

-Регистиран е случај на убиство. Таткото бил во пијана состојба. Ќе истражиме дали убиството било поради одбрана на честа или не, рече шефот на полицијата на областа Малапурам, Дебеш Кумар Бехера.

Според полициски извори, двојката со членовите на семејството расправале за своите несогласување во блиската полициска станица, по што таткото се согласил на венчавката.