недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Тажно: Ќе бидат убиени 11.000 слатки животни бидејќи се заразиле со коронавирус

Тажно: Ќе бидат убиени 11.000 слатки животни бидејќи се заразиле со коронавирус

Околу 11.000 куни oд една фарма во Данска ќе бидат убиени бидејќи се заразени со коронавирус, соопштија надлежните од земјата.

-Куните од фармата биле тестирани откако едно лице, кое било во контакт со фармата, било позитивно на коронавирус, пренесува „Ројтерс“.

Ова е прва епидемија меѓу куните во Данска, најголем светски производител на крзно од овие животни и се случи веднаш откако вирусот беше откриен на 13 фарми за куни во Холандија, каде што е издадена наредба за колење на околу 570.000 животни.

Данската управа за ветеринарство и храна изјави дека владата решила да ги однесе заразените куни во кланица поради претпазливост, со цел да го намали ризикот од потенцијално ширење на вирусот.