Министерот за транспорт во Велика Британија Грант Шапс во сабота на Твитер објави дека досега се направени 15.526 тестови а позитивни биле само 36.
Само на возачите со негативен тест им е дозволено да ја преминат границата преку море или преку тунел од Англија кон Франција.
Франција ги затвори границите со Велика Британија пред една недела поради страв од новиот вид на коронавирус кој е откриен во Англија.
Поради тој потег илјадници возачи на камиони останале заглавени за време на Божикните празници,
Во среда Лондон и Париз се договорија за повторно отворање под услов возачите кои доаѓаат од Англија да се тестираат пред преминувањето на граница.
Напуштениот аеродром Манстон во Кент, кој беше претворен во диво паркиралиште додека многу возачи чекаа во своите камиони да бидат тестирани, сега е празен, рекол Шапс.
Повеќе од 1000 припадници на воската помогнале во таа акција.