На тинејџерите во Шкотска ќе им бидат достапни домашни тестови за Ковид-19, за да можат да се тестираат двапати неделно и да одат на училиште.
Од нив ќе биде побарано да го извршат тестот сами или со помош на нивните родители или старатели пред да ги внесат податоците преку Интернет, објави Скај Њуз, повикувајќи се на британски Телеграф.
Програмата е на доброволна основа, но министерот за образование Џон Свини рече дека средношколците се „охрабруваат да учествуваат“ во одржување на училиштата безбедни.
Планот беше претставен пред отворањето на училиштата на 22 февруари во Шкотска.