петок, 5. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Трамп напушти брифинг поради пукање во близина на Белата куќа

Трамп напушти брифинг поради пукање во близина на Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш ја напушти конференциската сала, само неколку моменти откако почна брифингот за коронавирусот, и веднаш потоа се врати на подиумот за да им каже на новинарите дека обезбедувањето го оддалечило од брифингот, затоа што имало пукање во близина на Белата куќа.

– Би сакал да ѝ се заблагодарам на тајната служба за нивната секогаш брза и многу ефикасна работа. Имено, имаше пукање и некој беше однесен во болница, рече Трамп.

Како што рече, изгледа дека лицето било застрелано од тајната служба „па ќе видиме што се случува“, додаде тој и истакна дека не знае во каква состојба е лицето во кое било пукано.

Висок службеник на администрацијата потврди за Си-Ен-Ен дека лицето кое отворило оган е во притвор.

Инцидентот се случил на границата на 17-та и авенијата Пенсилванија, веднаш пред теренот на Белата куќа во близина на паркот Лафиет.