понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тврди дека се излечил од коронавирусот, виски било неговиот спас

Тврди дека се излечил од коронавирусот, виски било неговиот спас

Британец тврди дека успешно се излечил од коронавирусот без да користи никакви лекови.

Конор Рид (25) кој е учител од Велс и работи во жариштето на вирусот, градот Вухан, пред два месеци добил вирус и морал да оди во болница откако имал потешкотии до дишењето.

-Користев само инхалатор кој ми помогна околу кашлицата и пиев виски со мед, додека не останав без него. Тоа е стар лек, но изгледа дека „запали“. Одбив да земам антибиотици бидејќи не сакав никакви фармацевтски помагала, вели Рид.

Откако му се подобрила состојбата бил пуштен од болница на домашно лекување, а две недели подоцна докторите откриле дека боледувал од коронавирус.

Тој во Кина работи веќе три години, а во Вухан е во последните шест месеци.