Холандското обвинителство денеска соопшти дека се уапсени четворица мажи под сомнение дека планирале напад врз Конзулатот на Турција во Ротердам.
Приведените се Холанѓани со мароканско потекло.
Доказ за нивната намера е стекнат врз основа на снимен разговор на едно лице уапсено минатата година.
Тројца од приведените во текот на неделата ќе се појават пред суд, додека четвртиот е уапсен во Белгија и ќе биде екстрадиран во Холандија.
МИА