недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уште една европска земја ги попушта ковид мерките: До скоро имаа 100.000 заразени, дали ова е вистинската причина за олабавување?

Уште една европска земја ги попушта ковид мерките: До скоро имаа 100.000 заразени, дали ова е вистинската причина за олабавување?

Шпанија го укинува задолжителното носење маски на отворено, бидејќи стапката на зараза со коронавирусот опаѓа, а болниците пријавуваат помалку пациенти.

Нема да биде неопходно да се носат маски надвор од четврток, изјави владината портпаролка Изабел Родригез по состанокот на владата во неделата, пренесе АП.

Маските остануваат задолжителни во затворените јавни места, вклучително и јавниот превоз, како и кога луѓето не можат да држат безбедно растојание од метар и половина.

Официјалните податоци на Министерството за здравство покажаа дека ширењето на коронавирусот се забрза во ноември и дека врвот го достигна на 21 јануари со 3.418 нови инфекции на 100.000 жители за две недели, што беше рекорд на пандемијата.

Надлежните ја припишуваат пониската стапка на примени пациенти на високата стапка на вакцинација. Имено, од 47 милиони жители на Шпанија, 81% биле целосно вакцинирани.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, Шпанија официјално регистрираше повеќе од 94.000 смртни случаи.