На 10 плажи ширум Барселона кренати се жолти знаменца зошто водата нанесе куп мртви староци.
Глодарите се пронајдени во водата и на песокот по обилните дождови кои го погодија ова подрачје.
Надлежните служби побрзаа да ја исчистат плажата, а стаорците и останатото ѓубре го собираа со големи мрежи.
Имаше и храбри капачи кои и покрај грозните глетки запливаа во морето. Сепак, најголемиот дел од туристите беа згрозени.
Барселона е едно од најпопуларните туристички дестинации на светот, а годишно го посетуваат околу 30 милиони туристи.