Како и секое лето, многу Кинези одлучија да се разладат во аква-парковите.
Базените кои прават вештачки бранови се вистинска атракција и посебно популарни меѓу децата.
Меѓутоа, во забавниот парк Шуијун, во провинцијата Џилин, настана вистински хаос кога капачите ги собра огромен бран од 3 метри.
Повредени се дури 44 лица, а многу посетители почнаа да бегаат во паника кога го видоа ова изненадувачко „цунами“. Неколкумина се хоспитализирани поради скршеници и други повреди.
Се смета дека механичка грешка довела до настанување на огромен бран, а базенот ќе биде затворен неколку дена додека траат поправките.