понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

В сабота во Москва трилатерална средба за Сирија

В сабота во Москва трилатерална средба за Сирија

Трилатерален состанок за Сирија на министрите за надворешни работи на Русија, Иран и Турција Сергеј Лавров, Мохамад Џавад Зариф и Мевлут Чавушоглу, ќе се одржи в сабота во Москва. Тоа за ТАСС го изјавија неименувани извори од руското МНР.

– Средбата меѓу рускиот, турскиот и иранскиот министер за надворешни работи ќе биде одржана на 28 април во Москва, изјави неименуваниот извор.

Претходните разговори меѓу дипломатите од тие три држави што се гарант за примирјето во Сирија, беа одржани во Астана на 16 март. 

МИА