сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вархеји ја поздрави испораката на вакцини во Македонија и Црна Гора преку Ковакс

Вархеји ја поздрави испораката на вакцини во Македонија и Црна Гора преку Ковакс

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска ја поздрави испораката на вакцини против Ковид-19 во Македонија и Црна Гора преку програмата Ковакс.

-ЕУ е меѓу оние кои најмногу придонесуваат за Ковакс и е солидарна со своите партнери за да се обезбеди вакцините да стигнат до сите. Ќе излеземе заедно од пандемијата, напиша Вархеји на својот профил на Твитер.

Во Црна Гора и Македонија, преку програмата Ковакс, денеска пристигнаа по 24.000 дози на вакцината АстраЗенека

ЕУ во својата порака на Твитер истакна дека поддршката на Унијата за програмата Ковакс помага да се осигура дека безбедните вакцини ќе стигнат до сите подеднакво.