сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вашингтон подготвен за обнова на преговорите со Пјонгјанг

Вашингтон подготвен за обнова на преговорите со Пјонгјанг

САД денеска ги поздравија „важните презмени обврски“ од страна на Северна Кореја за време на средбата меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин и најавија подготвеност за обнова на дијалогот со Пјонгјанг.

Во соопштение на аемриканскиот државен скертар Мајк Помпео се нагласува дека САД се подготвени за итна обнова на преговорите со Северна Кореја насочени кон брзо нуклеарно разоружување, што би требало да заврши до 2021 година.

Помпео во соопштението наведува и дека денеска го поканил севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг-хо да се сретна следната недела во Њујорк, на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН.

МИА