Владата на Велика Британија најави укинување на сите санитарни мерки за патувања воведени поради пандемијата со ковид-19.
Од 18 март ќе бидат укинати мерките кои вклучуваат обрасци за лоцирање и тестирање на невакцинираните луѓе пред и по влезот во државата. Целта е да се олесни патувањето за време на велигденските празници.
Британскиот министер за транспорт Грант Шапс изјави дека луѓето ќе можат да патуваат „како во старите добри времиња”.
Обрасците за лоцирање се документи во кои се внесува адресата каде ќе престојува лицето како и статусот на вакцинација.