Демонстрантите на мисата на папата Франциско во Канада развиле транспарент со кој го повикуваат официјално да ги отповика указите од 15 век со кои се оправдувало преземањето на домородното земјиште од страна на папството.
Облечени во традиционална облека на домородното население на Канада, двајцата демонстранти развиорија транспарент во близина на олтарот, свртувајќи го кон присутните на мисата додека Франциск ја започна мисата во катедралата надвор од градот Квебек. Повеќето од луѓето во црквата биле од канадско домородно потекло.
Жените држеле транспарент на бел чаршаф со црвено-црни букви, а потоа сами го спуштија. Не е познато дали и папата ја прочитал пораката.
Таканаречената доктрина за откривање е основана во папските едикти од 15 век, а канадските домородци со години бараат нејзино укинување.
Франциск е на еднонеделно патување низ Канада за да се извини за улогата на Црквата во навредливиот резиденцијален училишен систем преку кој биле грабнати домородните деца од нивните домови за да ги принудат на културно асимилирање.
Портпаролката на организаторите на посетата на папата рече дека канадските бискупи бараат од папата да се осврне на доктрината на откровението.
„Поттикнати од повиците на нашите домородни партнери и изјавите на Светиот Отец, работиме со Ватикан и оние кои го проучувале ова прашање за да издадеме ново црковно коминике“, напиша Лариса Валер.
„Канадските бискупи продолжуваат да ги отфрлаат и да се спротивставуваат на идеите поврзани со доктрината за откривање, на најсилен можен начин“, рече Масимо Фаџоли, професор по теологија и религиозни студии на Универзитетот Виланова. Тој смета дека е малку веројатно дека папата официјално ќе ја откаже доктрината, но дека треба да погледне на неа.
„Црквата не функционира така – не издава документ кој вели: „Сега решивме дека таа стара доктрина повеќе не е вистинита“, рече Фаџоли.
„Црквата носи нови документи со нови доктрини кои ги заменуваат старите. Верувам дека папата треба да се осврне на ова прашање, и мислам дека ќе го направи тоа. Но не со формален документ“.