Во округот Харфорд во американската сојузна држава Мериленд дошло до пукање во кое има најмалку три жртви,
Од полицијата соопштуваат дека засега не се познати повеќе детали.
-Можеме да потврдиме дека имало пукање. Има повеќе жртви. Ситуацијата сè уште трае. Избегнувајте го тоа подрачје“, објави полицијата на „Твитер“.
Локалните медиуми пренесуваат дека полицијата е на терен. Пукањето се случило во Перимен, град во близина на Балтимор, околу 9 часот по локално време.