Епидемиолошкиот одбор на данскиот Парламент вчера ги одобри владините планови за повторно воведување ограничувања поради пандемијата на коронавирус.
Министерот за здравство, Магнус Хеунике, изјави дека огромното мнозинство пратеници се согласило дека Ковид-19 треба да се редефинира како болест што му се заканува на општеството.
Одлуката првично ќе важи еден месец. Ова и дава на владата овластување да усвои мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот без потреба од дополнително одобрение од парламентот. Доволно е одборот да се согласи со предложените мерки.
Министерот за економија, Сајмон Колеруп, изјави дека од петок повторно ќе треба да покажуваат сертификати за Ковид-19 за да се влезе во ресторан или клуб.
Ковид пропусниците сведочат дека лицето било вакцинирано, прележало Ковид-19 или има негативен тест. Тие мора да ги покажуваат возрасните и деца над 15 години.
Сертификатите ќе бидат потребни и за настани со голем број учесници. Ова се однесува на концерти, конференции, саеми и забавни паркови. Нив че м,ора да ги покажуваат и посетители на болниците.
Данска на 10 септември ги укина последните ограничувања наметнати во земјата за време на пандемијата, наведувајќи дека пандемијата е под контрола, но од средината на октомври, бројот на заразени повторно почна да расте.